Ограбена црквата „Константин и Елена“

Од:

Непознат сторител насилно провалил и ја ограбил црквата „Константин и Елена“, која се наоѓа на улица „Македонија“.

„На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин и Елена“ со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети. Се работи на расчистување на случајот“, информираат од МВР.

Темелите за црквата чие градење се уште не е завршено, беа ископани во 2012 година.

Првичната идеја предвидуваше црквата Константин и Елена да се гради на плоштадот Македонија. Но, по реакциите на групи граѓани, невладини организации и на Исламската верска заедница, власта се премисли и ја постави црквата спроти Домот на АРМ.

Би можело да ве интересира

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка