Ограбена црква во Скопје

Од:

За време на викендот е извршена тешка кражба во црквичето „Св. Никита“ кое се наоѓа во склоп на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Скопје.

Полицијата денеска соопшти дека кражбата е извршена во црквичето на улицата „Марко Орешковиќ“ во периодот од 17:30 часот во саботата до 7 часот во неделата. Крадецот насилно ја отворил помошната просторија по што го искршил катанецот од дрвеното сандаче за пари и одзел околу 5.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби