Ограбена бензиска во Струшко Мороишта

Од:

Маскиран и вооружен разбојник со пиштол ноќеска околу 2 часот и 40 минути ја ограбил бензиската пумпа „Уника“ лоцирана на магистралниот пат Струга-Дебар кај село Мороишта, односно на местото „Мороишки мост“.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, разбојникот маскиран со карневалска маска влегол во бензиската пумпа, со пиштолот му се заканил на вработениот К.Д., да му ги даде парите.

– Вработениот му ја дал ташната во која бил дневниот промет во износ од 27.000 денари, по што разбојникот избегал, изјави Димовски.

Полицијата ги превзема сите мерки за пронаѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи