Ограбена бензинската „Твинс Петрол“ во Куманово

Од:

Во Куманово на бензиската пумпа „Твинс Петрол“, утрово околу 02,15 часот три непознати лица, маскирани и вооружени, едниот со пиштол, а другите двајца со автоматски пушки извршиле разбојништво над три вработени, при што одзеле околу 50.000 денари и 10 штеки цигари „Малборо“.

Разбојништвото, соопшти денеска МВР,  сторителите го извршиле на тој начин што откако влегле во бензиската пумпа со закана со огненото оружје ги одзеле парите и цигарите, по што заминале во правец на кумановското село Черкези.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски