Ноќеска околу 01:00 часот по полноќ е ограбена бензинската пумпа „Макпетрол“ на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје.
Како што соопшти денеска МВР, на бензинската пумпа „Макпетрол“ непознат сторител маскиран со закана со пиштол извршил разбојништво над двајца вработени, при што од касата им одзел околу 5.500 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.