Ограбена бензинска пумпа во Струга

Од:

Две непознати и маскирани лица синоќа извршиле грабеж во бензинска пумпа на „Макпетрол“, во Струга.

Грабежот се случил околу три часа по полноќ, на бензинската пумпа лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“.

Мажите влегле во бензинската пумпа и со огнено оружје им се заканиле на вработените.

Од касата успеале да украдата 54.000 денари и веднаш избегале во непознат правец.

Полицијата трага по сторителите.

Би можело да ве интересира

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје

За шест дена тројца арамии извршиле три кражби во куќи