Ограбен жител на Инџиково

Од:

Жител на село Инџиково бил ограбен од страна на четири лица, при што му биле одземени 4.000 денари, документи и мобилниот телеофон, информираат од МВР.

Вчера во 16,10 часот во ЕИК-Скопје, од страна на Б.Д. (39) од с.Инџиково-Скопје е пријавено дека истиот ден околу 15,30 часот во паркот „16-те Маченици“ во с.Инџиково, откако тој го преминал пешачкиот мост преку автопатот Скопје-Куманово, наишол на паркирано возило, при што едно непознато лице (кое носело медицинска маска, капа и наочари) излегло од задната врата на возилото барајќи му запалка, по што го фатил за рака и го турнал внатре во возилото, каде биле уште три непознати лица (маскирани со капи, наочари и медицински маски), од кои едно лице држело нож во раката. Тогаш лицето кое го турнало во возилото почнало да го удира со тупаници во пределот на главата, при што Б.Д. се здобил со видливи повреди во пределот на лицето.

Во меѓувреме едно од лицата му го одзело паричникот во кој имало 4.000 денари, документи и мобилен телефон по што го исуркале од возилото и го напуштиле местото на настанот. Се превземаат мерки на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан