Во Битола на улицата „Прилепска“ вчера во станот на 56-годишниот Д.В. од Прилеп, непознат сторител со употреба на подесен алат извршил тешка кражба.
Украдена е ловна пушка сопственост на К.В., разновиден златен накит и рачен часовник.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.