Ограбен сеф од продавница за бела техника и санитарија во Виница

Од:

Вчера во 07,20 часот телефонски во Полициската станица во Виница, Г.М. (32) од Виница , пријавил дека во периодот од 20,30 до 07,20 часот, непознат сторител извршил тешка кражба во продавница за бела техника и санитарија, лоцирана во приземниот дел во зграда во Виница, сопственост на С.М (62) од Виница.

Од фиока од работно биро одземени се 1.651 денари, а потоа од канцеларијата одземен е метален сеф (во кој имало 6.910 евра и 49.651 денари).Истиот ден, во 17,45 часот телефонски во ПС-Виница, Н.Т. од Виница , пријавил дека во атар на с.Виничка Кршла пронашол метален сеф со видливи оштетувања од насилно отварање во пределот на бравата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 32-годишен маж осомничен за обид за убиство

Горан Наумовски

Избегната трагедија во Виница: Пред кафана со нож го избодел познаникот

Директорка на училиште во Виница си ја вработи ќерката без соодветно образование

А1он

Тешка сообраќајка во близина на Виница, шестмина се повредени

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски