Ограбен манастирот Света Богородива Балаклија во Делчево

Од:

Ноќеска во Делчево е осквернавен манастирот „Света Богородица Балаклија“. Спроти празникот Источен петок или Балаклија, крадци во манастирот искршиле еден прозорец и украле ситни пари, како и иконата на Свети Јован Кристител.

Чуварот на манастирот Љупчо Ристов, сведочи дека утрово кога дошол во манастирот видел дека повторно манастирот бил мета на крадци и веднаш ја повикал полицијата.

-Јас кога дојдов утрово, забалежав дека е скршен прозорецот до вратата, а вратата не е разбиена, но разбиени се внатре во манастирот касите, каде имаше ситни пари, и повторно е украдена иконата на Свети Јован Крстител. И пред две години, исто така, ја украдоа оваа икона. Таа икона е позлатена, но нема некоја голема вредност. Не знам по што се лакомат, само штета да направат, еве на овој убав ден кој е празник на манастирот, овој чин е за секоја осуда, рече Ристов.

Од СВР Штип го потврдуваат настанот. Информираат дека полицијата била на лице место и направила увид, но потенцираат дека има и осомничено лице, а е пронајдена и украдената икона.

Живописниот делчевски манастир „Света Богородица Балаклија“ е возобновен пред 17 години и според вековната традиција, овде на овој ден се собираат голем број верници кои палат свеќи за здравје и се замиваат од изворот за кој има верување дека е лековит.

Би можело да ве интересира

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски