А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ограбен дом на гостиварец, крадецот побегнал

by А1он22/11/2017 - 12:56114
Share0

Крадец од куќа во Гостивар одзел кутија со накит и искршил неколку врати причинувајќи штета од над две илјади евра.

Добивај вести на вибер

Гостиварецот Б.А. (63), вчера утро пријавил дека во периодот помеѓу 7 часот и 30 минути и 10 часот и 30 минути, непознат сторител извршил тешка кражба во неговата куќа, лоцирана на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар.

Според СВР Тетово, откако насилно го отворил прозорецот во приземјето, со лопата, провалникот насилно ги отворил вратите на првиот и вториот кат. Од спална на првиот кат одзел црна кутија со златен накит и бижутерија.

– Кога се вратил Б.А, забележал непознато лице со кутијата во рацете, кое се обидело физички да го нападне, но тој се повлекол наназад, а потоа непознатото лице со трчање избегало, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Крадецот по оваа кражба се стекнал со имотна корист која се проценува на 30 илјади денари, додека причинетата материјална штета се проценува на 120 илјади денари.

По пријавата, од гостиварската полиција превземаат мерки и активности за расветлување на пријавеното и за откривање на сторителиот.

Неофицијално, во февруари годинава, домот на Б.А. беше ограбен и тогаш крадци одзедоа накит вреден 2,4 милиони денари.

krazba

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски11/02/2026 - 20:2911/02/2026 - 20:29

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

Горан Наумовски08/02/2026 - 16:57

Притворени се Бугарки кои крадеа паричници во Скопје

А1он08/01/2026 - 19:1608/01/2026 - 19:18

Романски државјани фатени по кражба на злато во Скопје

Горан Наумовски31/12/2025 - 09:3531/12/2025 - 09:35

Главниот батлер на Елисејската палата крадеше садови и порцелан

Горан Наумовски22/12/2025 - 06:5322/12/2025 - 07:00

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Горан Наумовски18/12/2025 - 20:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен