Огнен Јанески: Ние сме камбаните кои нема да престанат да бијат

Од:

На сцената се качи и новинарот Огнен Јанески.

Тој рече:

„Соборци, слободарки и слободарци, ве поздравувам и ви се поклонувам.

Косава ми попаѓа од ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Тажно е да излезам и да ви раскажувам за смртта на малата Тамара, тажно е што Тамара веќе ја нема, но има одговорен за нејзината смрт. Тој одговорен се вика Никола Тодоров.

Министерот кој што сите нас овде од пациенти не претвори во бирократија, администрација и папирологија. Оставка Никола Тодоров.

Кога сме кај Николевците, оние чие име асоцира на една негативна историска фигура Николае Чаушеску, има уште еден Никола, кој што вчера излезе и рече ЕУ дека е виновен за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Оставка и за тебе Никола Поповски.

Не смееме да се задоволиме со трите оставки на Горде, началникот и на Ало Миле ми текна. Е па нам хидро, ти Никола кој што си срцето на таа хидра, нам ни текна дека е време да си одите. Да се соединиме заедно и човечињата и шиптариштата и индијанците, заедно за мир. Да ти се соединиме и да ти кажеме Збогум Никола.

Не смееме да заборавиме многу важна работа, министерката за НеКултура, таа која што со каса прими го направи ова Скопје да биде толку грдо, што луѓето ни се смеат, ни ги испра сите пари, наместо за Тамара, ги даде за уставниот суд, наместо за социјалците да дава, даваше овде за оваа грдосија од Влада. Сите вие ќе си одите, затоа што овој народ заслужува слобода. Знам дека седите и слушате и се смеете, но на смеењето ќе му дојде крајот. Не доведовте во ситуација да посакаме да ви се смееме кога ќе одите во затвор.

Многу ми е тешко да зборувам од името на колегите новинари, особено што многу страдаа во овој режим, девет години.

Ние сме камбаните кои нема да престанат да бијат. Никој не може да не зароби, срцето ни е слободно, слободата доаѓа од внатре Никола“, рече Јанески.

Би можело да ве интересира

Протест во Подгорица против владината најава да ја поддржи Резолуцијата за Сребреница во ОН

Вработените во Пошта протестираат: Не знаеме кога ќе земеме плата, 2000 вработени ќе останеме на улица

Орце Костов

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа