Оглас за вработување на 150 војници во Армијата

Од:

Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 150 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

Рокот за пријавување на кандидатите, информираат од МО, е 15 дена вклучувајќи го и денот на објава.

– Да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни, се условите за пријавување на лицата на јавниот оглас.

Платата на идните професионални војници од моментот на склучување на договор, информираат од МО, ќе изнесува над 31.000,00 денари со дополнителни над 10.000,00 денари – средства за станбено обезбедување.

Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат на неколку начини: – по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected]; – до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.

Во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии.

Би можело да ве интересира

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата