Оглас за избор на повеќе претседатели на општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово.

Од партијата информираат дека кадровските освежувања и доекипирања ќе продолжат и во периодот кој следи, се со цел конечно доекипирање и уривање на власта.

На првата седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одржана вчера, биле донесени и повеќе кадровски решенија, така што Владимир Нелоски е именуван за нов претседател на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски и Владимир Ѓорчев се именувани за меѓународни секретари на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска е именувана за координатор на централните комисии при ВМРО-ДПМНЕ и Игор Здравковски е именуван за претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

Извршниот комитет, информираат од партијата, на состанокот изразил и загриженост за состојбата со корона пандемијата, за која било констатирано дека е алармантна и актуелната Влада потфрли во секој поглед.

– Извршниот комитет уште еднаш констатираше дека СДСМ и Зоран Заев вршат неправди, реваншизам и насилство од мафијата предводена од Заев врз сопствениот народ и со тоа ја потврди одлуката за денешниот протестен собир за искажување на револт кон актуелната власт. Мафијата на Заев донесе насилство, прогон, криминал и корупција, а граѓаните ги доведе до раб на сиромаштија, се вели во соопштенито од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски, вчера преку својот Фејсбук ги повика граѓаните денеска во 18:30 на протест против неправда реваншизам и насилство на мафијата на Заев.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му