Оглас за избор на обвинители во повеќе ОЈО, но не и за скопското

Од:

Советот на јавни обвинители на денешната 75. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на вкупно 31 јавен обвинител во повеќе основни јавни обвинителства низ земјава.

На конечната листа на Академијата за судии и јавни обвинители, од седмата генерација, има 28 кандидати за јавни обвинители, кои положиле и ќе можат да се пријавата на еден од огласите за избор на јавни обвинители во ОЈО Битола – 2 места, ОЈО Велес – 1, ОЈО Гевгелија – 2, ОЈО Гостивар -3, ОЈО Дебар – 1, ОЈО Делчево – 1, ОЈО Кичево – 3, ОЈО Крива Паланка – 1, ОЈО Кочани – 1, ОЈО Куманово – 2, ОЈО Охрид – 2, ОЈО Прилеп -2, ОЈО Ресен – 1, ОЈО Свети Николе – 1, ОЈО Струга – 1, ОЈО Струмица – 1 и ОЈО Тетово – 6 места.

На овој избор нема да бидат објавени огласи за ОЈО Скопје, како и за ОЈО Берово, ОЈО Радовиш, ОЈО Кавадарци и ОЈО Штип.

Претседателот на Советот на ЈО, Антонио Јолески, посочи дека освен Скопје и Радовиш, во сите останати обвинителства има голем недостиг на кадри и дека заедно со листата на кандидати, пред седницата до членовите на Советот им ја доставил и листата со потребите на сите јавни обвинителства во државата, согласно систематизацијата и пополнетоста.

По објавувањето на огласите сите кандидати, кои ќе се пријават, ќе треба да поминат на интервју во Советот на јавни обвинители.

Согласно систематизацијата, заклучно со март 2022 година најкритична е состојбата во ОЈО Крива Паланка каде од потребните 1 + 2, нема ниту еден јавен обвинител, ОЈО Делчево, каде од 1 + 1 по систематизација, нема ниту едно пополнето место и ОЈО Свети Николе, каде од 1 + 1, слободни се двете позиции.

Потоа следат ОЈО Гевгелија 1 + 3, од кои три се непополнети и ОЈО Прилеп каде од 1 + 7, слободни се четири, ОЈО Кичево 1 + 4, од кои три се слободни и ОЈО Тетово каде од 1 + 7 слободни се седум места.

Би можело да ве интересира

Башким Бесими избран за член на Советот на јавните обвинители

Сарамандова и Пеливанов стануваат виши обвинители: Советот ги одбра од 16 пријавени кандидати

Александар Тодески

Советот на ЈО едногласно го отфрли барањето на Фатиме Фетаи за преиспитување на одлуката за отфрлање на нејзината кандидатура за државен јавен обвинител

Новоизбраната членка на Советот на ЈО, Јелена Догазанска-Колева даде свечена изјава во Собранието

Љупчо Коцевски единствен кандидат за државен јавен обвинител

Барањето за мислење за кандидатите за нов државен јавен обвинител е пристигнато во Советот, има 15 дена да го разгледа