Оглас на МВР за ангажирање 40 волонтери

Од:

Министерството за внатрешни работи објави оглас  преку кој бара 40 кандидати за волонтирање во текот на летниот период од 15 јуни до  15 септември годинава.  На огласот,  во наредните пет дена може да аплицираат  студенти на факултетите од областа на правните, безбедносните и економските студии.

МВР бара  25 волонтери-студенти од правните  и безбедносните студии,  од кои 15 ќе бидат ангажирани во седиштето на Министерството за внатрешни работи, по 2 во  секторите за внатрешни работи во Битола и во Велес, и по 1 во секторите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип.

Од економски студии се бараат 13 волонтери, од кои тројца во седиштето на МВР, по двајца секторите во Велес и во Битола, и по 1 во секторите во Скопје, Куманово, Тетово, Охрид, Струмица и Штип.

За волонтерска работа во седиштето на Министерството за внатрешни работи се бараат 2 волонтери, студенти на електро-технички факултет или природно-математички факултет- информатика.

Заинтересираните кандидати кои сакаат да аплицираат за волонтирање треба да приложат уредна документација која треба да содржи: потврда за статусот на студентот од високообразовната институција на која што кандидатот студира, мотивациско писмо, кратка биографија со податоци за контакт (телефонски број и адреса на живеење).

За  волонтирање во седиштето на Министерството за внатрешни работи и во Секторот за внатрешни работи – Скопје потребните документи треба да се достават во писарницата на МВР (ул .„Димче Мирчев“ бр.9, Скопје), а за во секторите за внатрешни работи  во Битола, Велес, Куманово, Тетово, Штип, Струмица и Охрид, во писарниците на тие сектори.

Доставувањето може да биде лично или по пошта, со назнака „За јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање во Министерството за внатрешни работи“.

Селекцијата на кандидатите ќе ја врши Комисија формирана од министерот за внатрешни работи. По завршување на постапката на селекција и рангирање на кандидатите, избраните ќе бидат повикани да почнат со вршење волонтерска работа.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски