Офицер позитивен на Ковид-19 од мисија во Африка ќе биде донесен на Инфективна во Скопје

Од:

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Северна Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.

-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуција ја направивме во соработка со европските служби за надворешни односи, рече Шекеринска на заедничката прес-конференција со министерот за одбрна на Чешката Република Метнар.

Таа се заблагодрама на сите институции кои помогнаа во евакуацијата на припадникот на АРМ.

Заболениот македонски офицер бил во Централно – Африканската Република во улога на обучувач на локалните воени сили, заедно со уште еден негов колега од С. Македонија.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски