Off.net најдобар македонски сајт за 2012 година

Од:

Порталот Off.net е прогласен за најдобар македонски сајт во 2012 година на третиот избор на најквалитетни интернет-медиуми што се одржа денеска во Информативниот центар на Европската Унија во Скопје.

Второто место во најзначајната категорија го освои „Факултети”, додека на трето се пласира „Курир”.

„Демократскиот и технолошкиот напредок денес се суштински поврзани и меѓузависни процеси. Општествата кои сè повеќе се дигитализираат и се отвораат кон информатичко-комуникациските технологии, се во предност и токму тие ќе ги вкусат плодовите од овој процес. Ме радува фактот што Република Македонија во ниеден момент не заостанува зад светските трендови и иновации во сферата на веб-технологијата, и што македонските сајтови според квалитетот, дизајнот и функционалноста се вбројуваат меѓу најдобрите. Тоа го потврдува и острата конкуренција на веб-страни кои и годинава влегоа во потесен избор за признанието „Најдобар сајт на годината”, пишува претседателот Иванов.

Освен “Оф-нет”, првонаградени во засебните категории се: “Црно-бело” (дизајн), “Мотика” (забавен), “Курир” (информативен), “Суперспорт” (спортски), “Волксваген” (бизнис / корпоративен), “Грид” (иновативен), “Купи книга” (е-трговија), “Борка” (невладини организации), Универзитет “Св. Кирил и Методиј” (образование), “Кајгана” (мобилен), Катастар (владини / државни институции), “Креативен вомиториум” (блог).

Би можело да ве интересира

Интернет користи 92,1 отсто од населението во земјава

Герасимовски: Поставуваме три Free Wi-Fi зони во Дебар Маало, Сквер Јадран и Капиштец

Горан Наумовски

Гостиварец објавувал фотографии од девојки со сексистички содржини од лажен профил

Иран сè уште e без интернет, не може да се дојде до информации од земјата

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он