Оер-Алтхаузер: Елисејскиот договор симбол на француско-германското пријателство

Од:

Амбасадите на Франција и на Германија 53-годишнината од потпишувањето на Елисејскиот договор од 1963 година, кој се смета за симбол на француско-германското помирување го одбележаа со проекција на филмот „Дипломатија“ од Фолкер Шлендор, германско-француска копродукција од 2014 година.

– Овој договор претставува силен симбол на нашата заедничка желба за соработка во служба на мирот и на пријателството помеѓу нашите два народа. За овој 53-ти роденден јас би сакала да ја изразам желбата разумот и мудроста да продолжат и да ја надминат фаталноста на војните, на спротивставувањата и на државничките разидувања. Француско-германското помирување покажа дека доколку сакате да работите заедно треба секој од вас да направи одредени концесии. Никој не е посилен ако останеме на својата позиција, туку ако се откажеме и заеднички гледаме напред, порача француската амбасадорка Лоранс Оер.

Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер истакна дека многу нешта се кажани за Елисејскиот договор, како важен момент во процесот на француско-германското помирување. Таа при тоа ја најави нивната заедничка статија која ќе биде објавена утре на македонски и на албански јазик во два дневни весника. Во контекст на филмот „Дипломатија“ нагласи дека станува збор за многуслоен филм, кој си го поставува прашањето што може да стори дипломатијата.

– Главното прашање е што може да стори дипломатијата.  Дали станува збор само за (бескорисно) зборување, кое не може да допре до суштината на конфликтите. Ова прашање е многу актуелно, секојдневно ни е пред очи –  во врска со мноштвото кризи во светот, во врска со – за жал и ова е многу актуелно – терористичките организации кои делуваат насекаде во светот, кои не сопираат дури – или токму – ниту пред варварските уништувања на културата во Сирија, Ирак, Мали, рече амбасадорката Алтхаузер.

елисејски договор

Инаку, годинава за прославата на Елисејскиот договор беше промовиран и нов француско-германски проект во Македонија насловен „Фудбал без граници“. Како што истакна Оер, целта на проектот е промовирање на културната разноликост, етничките вредности, индивидуалниот ангажман и заедничкиот ангажман во служба на заеднички вредности. Оваа идеја, како што нагласи таа, потекна од германската Амбасада, а е во контекст на претстојното Европско првенство во фудбал што ќе се одржи во Франција.

Во 2014 година амбасадите на Франција и на Германија реализираа проект заедно со Асоцијацијатајта на наставници по историја на темата „Прва Светска војна“, а минатата година француски, германски и македонски експерти дебатираа на тема за заштитата на животната средина, во пресрет на Париската конференција КОП 21. 

Би можело да ве интересира

Авињон: Тројца ранети во пукотница поврзана со дрога, еден во критична состојба

Франција од денес забрани пушење во паркови, околу училишта, на плажи…

Пукање во Франција: Неколку лица се тешко повредени

(ВИДЕО) Франција: Полицијата со водени топови растера активисти кои блокираа складиште со нафта

Франција се дистанцира од американскиот напад врз Иран, Макрон најави итен состанок

Oбвинение против францускиот фудбалер Паје за злоупотреба на девојката со која беше во вонбрачна врска

А1он