Одземени мед, ветеринарни и медицински лекови без декларација

Од:

Во организирана акција Агенцијата за храна и ветеринарство, во саботата на патниот правец Дуброво – Кичево, од три лица, одземала 232 тегли без соодветни ознаки со непозната супстанца, кои се продавале како мед.

По извршената инспекциска контрола од официјалниот ветеринар, како што соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство, земени се мостри за испитување. Согласно законските и подзаконските акти кои ја регулираат безбедноста на храната, казната за фалсификување мед изнесува 5.500 евра во денарска противвредност.

Според соопштението, едно од лицата е познат сторител на ваков прекршок, односно и досега е казнувано за истото дело.

По дојава од граѓанин, како што е наведено, истиот ден инспекциските служби на Агенцијата, од државјанин на Република Албанија, на пазарот во Кичево, одземале ветеринарно – медицински лекови шверцувани од Албанија, кои тој ги продавал  без соодветна декларација. Станува збор за 50 дерма спрејови, 1.000 таблети „албендозол“, 10 шишиња „евита селен“, девет шишиња антибиотик „пенстерп“ и едно шише хормон „окситоцин“. Одземени се и две шишиња вакцина против клостридиум, две вакцини за мали кучиња и прашок и вакцини за гулаби.

Одземените ветеринарно – медицински лекови ќе бидат уништени.

Акција е реализирана во рамки на засилените контроли кои ги вршат инспекциските служби на Агенцијата, на производителите, преработувачите и трговците со мед, со цел спречување на продажба на производи кои се декларираат како мед, а не ги исполнуваат основните критериуми од Правилникот за квалитет на овој прехранбен производ, како и за прекинување на синџирите од производители, дистрибутери и продавачи на фалсификуван мед во регионот.

Би можело да ве интересира

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Вонредни контроли на скопски „бувљак“, уништени околу 100 килограми небезбедни чипсови, чоколадни бонбони, наполитанки, конзерви,…

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски