Одземен советничкиот мандат на координаторот на СДСМ во Охрид

Од:

Советот на Општина Охрид на својата денешна седница му го одзеде мандатот на координаторот на советничката група и претседател на општинскиот огранок во Охрид на СДСМ, Томислав Тунтев.

Со 13 гласа за, 7 против и 1 воздржан Советот донесе одлука за престанок на советничкиот мандат на Тунтев затоа што, како што беше дискутирано, тој бил избран пратеник во Собранието на Република Македонија и не можел повеќе да ја извршува функцијата советник.

Тунтев обвинува дека мандатот во Собранието на Република Македонија му бил верифициран насилно, противуставно и противзаконски.

Власта на ДПМНЕ покажа дека нема никакви граници во непочитувањето и прекршувањето на Уставот и законите во Република Македонија. Верификацијата на мојот мандат за пратеник во Собранието на Република Македонија е насилна, противуставна и противзаконска. Моите права, како граѓанин и државјанин на Република Македонија, што ми се загарантирани со Уставот и со законите, од страна на власта на ДПМНЕ ми се загрозени и оневоможени – истакна Тунтев.

Тој обвини дека Не е прифатена неговата изјава, заверена на нотар и испратена до ДИК на 05.05.2014 год., со која не го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието на Република Македонија и бара да не му биде извршена верификација на истиот.
Исто така, Тунтев обвини дека со насилната и противуставна верификација на мандатот за пратеник извршена е повреда на неговото законско право да ја извршува функцијата советник во Советот на Општина Охрид.

При прифаќањето на советничкиот мандат, јас потпишав Изјава и дадов свечена заклетва, со која се обврзав дека чесно ќе ја извршувам функцијата советник и дека ќе ги почитувам Уставот и законите на нашата држава. Согласно наведените законски одредби, тој мандат е неотповиклив. Значи, противзаконски е насилното одземање на советничкиот мандат без моја согласност, односно без да ми се овозможи да се изјаснам кој мандат сакам да го извршувам – да продолжам со советничкиот или да го прифатам пратеничкиот – додаде Тунтев.

10364615_704979542896844_1021838214_n

Тунтев најави дека ќе поднесе тужба до Уставниот суд со што ќе бара заштита на загрозените слободи и права.

Советниците од редовите на СДСМ, кои добивме мандат за пратеници на последниве избори, кои одбивме да го прифатиме тој мандат и побаравме да не биде извршена верификација на истиот, ќе поднесеме тужби до Управниот суд. Со тужбите ќе бараме заштита на загрозените слободи и права, што ни следуваат според Уставот и законите во Република Македонија, поради насилното, противуставното и противзаконското верификување на нашите мандати за пратеници. Секако, за сето ова ќе бидат детално запознаени сите и релевантни меѓународни институции, посебно оние кои се занимаваат со заштитата и почитувањето на човековите права – заврши Тунтев.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда