ВИДЕО: Одземен имунитетот на Груевски

Од:

Пратениците со 62 гласа „За“ изгласаа да му се одзеде имунитетот на пратеникот Никола Груевски. Во салата не беа присутни пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, а останатите без дискусија изгласаа да му биде симнат имунитетот, постапувајќи по барањата од Кривичниот суд кој бара притвор за Груевски.

Ниту еден од присутните пратениците не гласаше „воздржано“ и „против“.

Поканет на седницата бил и претседателот Ѓорге Иванов, но не се појави.

Пратениците гласаа за шест барања за притвор кои стигнале од кривичниот суд до Собранието. За одземањето имунитет беа потребни најмалку 61 глас „за”.

Претходно, пратениците се обидоа да му го одземат и пратеничкиот мандат на експремиерот Никола Груевски, но не успеаја да обезбедат двотретинско мнозинство. По бегството на Груевски, претседателот на Собранието во координација со пратеничките групи одлучи по шест месеци неоправдано отсуство да се обидат уште еднаш да му го одземат мандатот. Дотогаш Груевски ќе зема намалена пратеничка плата.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он