Одржана седмата седница на Општина Карпош

Од:

Вчера во амфитеатарот на Технолошко-Металуршкиот факултет во Скопје се одржа седмата редовна седница на Советот на Општина Карпош.

На неа, советниците ги усвоија сите 32 точки од дневниот ред, меѓу кои најзначајни беа Предлог-Одлуката за измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Карпош за 2013 година, а усвоена беше и Предлог-Годишна програма за работа на сите 10 основни училишта на територија на Карпош за 2013/2014 година.

Во текот на оваа седница, дневниот ред беше проширен за уште две точки, кои подоцна беа усвоени. За член во одборот за доверба и соработка со јавноста на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство беше избрана советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Штерјова, додека за член во одборот за доверба и соработка со јавноста на Педагошкиот факултет во Скопје беше избран советникот од Српската напредна странка во Македонија, Зоран Поповски.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец