Одржана осмата седница на Совет на општина Прилеп

Од:

Вчера беше одржана осмата седница на Советот на општина Прилеп на која се расправаше за повеќе точки на дневниот ред, кои беа едногласно прифатени од сите советници.Осмата редовна седница опфати дневен ред со над 70 точки,на која советниците расправаа за повеќе прашања поврзани со работењето на средните училишта, програми за нивната работа, за предлог-измени на два урбанистички плана и измени на сообраќајната инфраструктура.

Истовремено,стана збор за потребата од јавен градски превоз и претпријатие што ќе го регулира. Советниците ги усвоија сите точки од дневниот ред меѓу кои најзначајна беше предлог-одлуката за доделување финансиски средства за доизградба на верските храмови во општината, при што советниците од  опозицијата побараа финансиски извештај од претседателот на Советот за тоа колку средства досега се доделени за изградба на црквата Св.Петка во населбата Точила и за што биле тие искористени.

За изградбата на овој храм досега од буџетот на општината издвоени се 2 милиони денари,но потенцирано беше дека потребни се уште околу 1.600.000 денари за да се дојде до фазата карабина.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена