Одржана 4-та работилница а изготвување на нацрт-стратегија за млади во општина Крива Паланка

Од:

Во текот на вчерашниот ден се одржа и четвртата последователна работилница за изготвување на нацрт стратегија за млади во организација на здружението Центар за младински иницијативи Цик-Цак од Крива Паланка.

Четирите работилници се одвиваат во рамки на проектот„Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“ и се дел од процесот за изготвувањето на нацрт стратегијата за младите во општин Крива Паланка.

Преку имплементација на проектот„Промоција на младинскиот активизам преку креирање на институциска платформа за младински потреби“ се очекува искреирана нацрт стратегија. Стратегијата е платформа со дефинирани проекти и претставува рамка за делување на самата општина и другите јавни институции, кои во делот на својата идна работа треба да внесат голем дел од активностите и препораките од стратегијата а се во насока на подобрување на состојбата на младите во локалната заедница.

Овој стратешки документ се креира врз база на сеопфатна анализа на потребите и прашањата на младите, преку анкетни прашалници, како и преку работилниците со учество на релевантни чинители, кои треба да претставуваат појдовна основа за понатамошни проекти и активности за унапредување на состојбата на младите.

Со реализација на овој проект се очекува зголемен младински активизам, поголем интерес на младата популација за позитивни промени иницирани директно од нив, а подржани од локалната заедница. А на подолг период, се очекува и зголемена активност на младинскиот совет, но и младинските организации, во врска со учеството на локалните млади во креирањена политики и донесувањето на одлуки на локлано ниво, велат од Општина Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски