Одржана 22-та седница на Советот на Општина Центар

Од:

Советот на Општина Центар, вчера, ја одржа 22-рата седница. На дневен ред на седницата најголем дел од точките беа предлог-програмите за работа на секторите и одделенијата во општината за наредната година.

Покрај усвојувањето на програмите за работа на општината, советниците изгласаа и одлука за прифаќање донација на зимски јакни, кабаници и носачи за бебиња од УСАИД, кои ќе бидат поделени на бездомните лица и социјално загрозените семејства.

Советот на Општина Центар го усвои и буџетот, како и одлуката за извршување на буџетот за 2019-та година. По претходно потпишаниот меморандум за поддршка, на седницата советниците одлучија објектот на поранешниот ресторан „Кај Злате“, кој се наоѓа во населбата Пролет, а е во сопственост на Општина Центар, да го дадат на користење на Црвениот Крст на Град Скопје.

Со ова, општината и Црвениот крст покренуваат заедничка акција за ангажирање и помош на лицата со посебни потреби, со што ќе се овозможи полесен пристап до услугите и придобивките од работата на организацијата на територија на општината.

Советот покрај ова, ги изгласа и годишниот план за вработување, како и програмата за работа на јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ (ЈП ПОЦ).

Советниците одлучија да ја прекинат седницата на 20-тата точка, а продолжението е закажано за в четврток, со почеток од 14:00 часот, се вели во соопштението на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар