Одрон отсече три села во Кривопаланечко

Од:

Големо свлечиште предизвикано од интензивните врнежи дожд затрупа поголем дел од патниот правец Крива Паланка – село Дурачка река поради што целосно се отсечени селата Дурачка Река, Станци и Метов.

Од Општина Крива Паланка информираат дека се работи на расчистување на свлечиштето.

– Одронот е на локација што претставува критична точка на овој патен правец. Механизацијата е на терен, екипи од Одделение за комунални дејности при општината и јавно претпријатие Комуналец со расположливите ресурси и механизација веќе работат на расчистување на теренот, изјави Борјанчо Мицевски,градоначалник на Крива Паланка.

Рече дека се очекува патот да биде расчистен во текот на денот,но екипи ќе дежураат и во текот на ноќта.

Би можело да ве интересира

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Во несреќен случај загина 83-годишен мотоциклист

Горан Наумовски

(ФОТО) Крива Паланка пак е најубаво украсен град во Македонија

А1он

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка кај Самоков, сообраќајот во прекин

Горан Наумовски