Судот го одобри обвинението за „Меѓународен сојуз“, Јовановски со татко му, асистенката, Мандиќ и Ременски седнуваат на обвинителна клупа

Од:

Советот за оценка на обвинителен акт на Кривичен суд Скопје го одобри во целост обвинението против „Меѓународен сојуз“, како и против заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз – Јасна Мандиќ, таткото на Бојан Јовановски – Миле Јовановски, асистентката на Јовановски – Кристина Блажевска, пратеничката Фросина Ременски, како и самиот Бојан Јовановски.

„Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје кој постапува во оценка на обвинението со КОК ООА 1/20, на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по одржана нејавна седница како и разгледување и ценење на фактите и доказите во актот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, велат од Кривичниот суд Скопје.

По веќе одобрениот обвинителен акт, како што посочуваат од Судот, ќе биде оформен предмет кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија од Одделот за организиран кирминал, а по насрочена главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Според обвинението, Бојан Јовановски како претседател на Меѓународен сојуз имал намера за себе да прибави имотна корист, па користеjќи документи од сојузот, оштетил управители на друштва со што ги довел во заблуда. Јовановски лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од државата, па оштетените преку Македонска авторска агенција му исплатиле 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност.

Во измамата на Бојан Јовановски, според Обвинителството, му помагале пратеничката Фросина Ременски, неговата заменичка – Јасна Мандиќ и асистентката. Мандиќ и асистентката ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на Јовановски. Иако знаејќи од каде потекнуваат парите, односно дека се земени со сторено кривично дело, тие со умисла му помагале и да ги пушти во промет.

Обвинителството го сомничи Миле Јовановски дека тој знаел од каде потекнуваат парите и со умисла му помогнал на својот син Бојан Јовановски да ги пушти во оптек, со што ги уплаќал парите на своја девизна сметка, а дел од нив ги уплаќал на правните лица како позајмица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Боки 13 во „Меѓународен сојуз“: Измамник не враќа пари, бара земјиште, склучува договори – не сум виновен

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Ременски негира вина во „Меѓународен сојуз“, ја обвини обвинителката Трајчева за злоупотреба на службената положба

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јовановски тврди дека се невини: Ај вие со измама земете му на Силјан Мицевски пари, да видиме дали ќе ги добиете

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) „Меѓународен сојуз“: Пеливанов побара Боки 13, Ременски, Ерцеговиќ и остантите да бидат осудени

Кристијан Ландов

Што кријат пораките на Боки 13 со осум високи функционери, судијката треба да одлучи дали ќе се читаат

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тензично судење за „Меѓународен сојуз”, расправии помеѓу Боки 13 и судијката за пораките од телефонот

Кристијан Ландов