Одлуки на 4-тата седница на Советот на општина Центар

Од:

Советот на општина Центар во рамките на 4-тата седница ги изгласа измените на програмите за локален економски развој и за спорт и рекреација.

Избрани се и членови во одборот за соработка и доверба со јавноста на Стоматолошки факултет, Филолошки факултет, Филозофски факултет и Православниот богословски факултет. Советниците во општина Центар ја поддржаа хуманитарната акција за загрижување на бездомници од територијата на општина Центар во зимскиот период.

Зелено светло доби и одлуката за прифаќање донација за организирање на новогодишен настан. Настанот ќе се одржи на 30 и 31 декември на Сквер Јадран, со цел и во интерес на граѓаните на едно место заеднички да се дочека Новата година.

„За овој настан во Буџетот беа предвидени 6 милиони денари, но со оваа донација ние ќе го отстапиме просторот, а настанот ќе има и хуманитарна забава. Ќе се собираат средства за операција во Италија на 16 годишно момче, на кого му е потребна трансплантација на коскената срж. Дел од изведувачите ќе настапат волонтерски “, рече градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски