ВИДЕО: Одложено судењето за Мијалков и Јанкулоска

Од:

Судењето за предметот на специјалното јавно обвинителство познат под имете „Тврдина-Таргет“, во кое меѓу обвинетите се и ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, е одложено за 17 јануари.

Ваквата одлука судијката Ленка Давиткова ја донесе откако еден од адвокатите на Мијалков, Миле Петровски, завчера поднел барање до судот за одлагање на денешното судење поради негово присуство на судењето за Сеад Кочан за предметот „Труст“ кое почна половина час пред судењето против Мијалков и Јанкулоска. Исто така, адвокатите на обвинетите вчера до судот поднеле и дополнителна листа на докази.

Во овој случај меѓу обвинетите е и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинетот на поранешниот директор на УБК Мијалков.

Според обвинението за „Таргет“, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Следена била и комуникацијата пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или 5.827 телефонски броеви со кои биле прислушувани над 20 илјади граѓани. СЈО утврдило дека незаконското прислушување продолжило и по објавувањето на аферата со прислушувањето од лидерот на опозицијата Зоран Заев и во текот на 2016 година. Во „Тврдина“ станува збор за уништување на опремата за прислушување вредна 10 милиони евра и на документација за набавката на таа опрема.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Ново рочиште за „Таргет-Тврдина”

Ана Ололовска

Верушевски редовно доаѓа на работа во Владата и зема плата

Васко Маглешов

Директорот на затворот „Шутка“: Мијалков е со други затвореници во ќелија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Мијалков барал спас во амнестијата на Иванов, судот го одби

Ана Ололовска

„Таргет-Тврдина“ продолжува на 31 август, на Јанкулоска, Грујевски и Бошковски ќе им се суди одвоено

Ана Ололовска

На Јанкулоска ќе и се суди одвоено во „Таргет-Тврдина“

Ана Ололовска