Одложено судењето за „Еразмус“

Од:

Судското рочиште за предметот „Еразмус”, во кој шест лица вработени на Економскиот факултет во Скопје се товарат за примање поткуп и злоупотребување на службената положба, денеска е одложено по барање на адвокатот Јован Јоанидис за изземање на Судечкиот совет.

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение за примање „поткуп“ во октомври минатата година. Во случајот „Еразмус“ се обвинети шест лица, професори и демонстратори од Економскиот факултет во Скопје и еден вработен во бифето.

Во барањето за изземање е наведено дека токму судиите Љубинка Башеска и Ивица Стефановски, како членови на Кривичен совет, веќе еднаш решавале по жалба на второобвинетиот Драге Јанев и притоа донеле решение со кое ја потврдиле одлуката на судија на претходна постапка. Башеска и Стефановски еднаш веќе носеле решенија, а сега се јавуваат како Судечки судии во истиот предмет.

Според адвокатот Јоанидис, постои сомнение дека овие судии не можат непристрасно да одлучуваат бидејќи веќе еднаш одбиле жалба на одбраната.

Судењето е одложено се додека в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1 Скопје, Татјана Михајлова, не одлучи по барањето за изземање.

Би можело да ве интересира

Груби не чувствува вина за случајот со злоупотребите во „Државна лотарија“

А1он

Артан Груби повторно на обвинителна клупа, закажано ново рочиште во скопскиот Кривичен суд

А1он

Судењето за убиството на Данка Илиќ се сели во Неготин – на обвинетите им се заканува доживотен затвор

А1он

Полицајците обвинети во предмет поврзан со пожарот во „Пулс“ не се чувствуваат виновни

А1он

Почнува судењето за Стојанче Јовановски

ИПАРД случајот стигна до суд: Продолжение на постапката на 30 април

Горан Наумовски