Одложено судењето против Заев за „Поткуп“

Од:

Судењето против премиерот Зоран Заев за случајот „Поткуп“ е одложено за 25 декември.

Причината за одложувањето е јавната седница на Апелацискиот суд закажана на 27-ми ноември на која ќе се одлучува дали ПИ мерките се доказ во случајот.

На едно од минатите рочишта, судијката Деана Груевска-Илиевска го одби предлогот на адвокатите на Заев снимките од ПИ мерките кои се појавија на Јутјуб да не бидат доказ во постапката. Тимот адвокати поднесе жалба до Апелација.

Заев денеска се појави во Кривичниот суд.

Во овој случај, Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Иван Николов побарал поткуп од 163.924 евра, односно по 2 евра за еден квадратен метар градежно земјиште во Струмица, кое Николов сакал да го приватизира.

В.М.

Би можело да ве интересира

Претреси во Чашка, приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори

Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Горан Наумовски

Кривична пријава против двајца полициски службеници поради примање поткуп

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Грчки државјанин на полицаец му понудил поткуп од пет евра