Одложено судењето на Божиновски, судијката бара прераспоредување

Од:

Судското рочиште за случајот „Шпион“, на кое денеска за прв пат требаше да даде исказ новинарот Зоран Божиновски е одложено.

Од скопскиот кривичен суд соопштија дека судијката Сандра Крстиќ побарала од лични и семејни причини да биде прераспределена во друг оддел. На нејзино место е ставена судијката Ленка Давиткова.

Божиновски беше дел од предметот „Шпион“, но постапката за него беше одвоена бидејќи тој беше недостапен за органите на прогонот. Божиновски е во притвор од 21 април, кога беше екстрадиран од Србија.

На минатото рочиште Основниот суд Скопје 1 – Скопје информираше дека не може да ги добие доказите за Божиновски бидејќи предметот „Шпион“ сè уште е во Апелациониот суд.

Според обвинителниот акт, Божиновски се товари за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Божиновски од минатата недела започнал штрајк со глад поради неоправдано продолжување на притворот и одолжување на судскиот процес, а неговата здравствена состојба е сериозно загрозена.

На 1 септември, кога беше одложено првото судско рочиште, ЗНМ протестираше пред Судот, барајќи негово ослободување од притвор.

Специјалното јавно обвинителство, кое веќе го застапува во втор степен случајот „Шпион“, ја бара надлежноста и врз предметот на Зоран Божиновски, која сѐ уште е во Обвинителството за организиран криминал на Марко Зврлевски и на Јован Илиевски, бидејќи Советот на јавни обвинители одлучи дека СЈО немало надлежност.

Би можело да ве интересира

Ванг призна дека е кинески агент, доби максимална казна од 10 години затвор

Сменет руски заменик-министер ја заобиколи ФСБ преку Минск и Тбилиси, па наводно пребега во Америка

Иран погуби наводен израелски шпион

Русинка е осудена дека била руски шпион во Естонија

Британија 20 години бараше руски двоен агент во МИ6

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали