Одложено обраќањето на Пендаровски

Од:

Во медиа центарот на СДСМ сè уште нема никој пристигнат од повисокото партиско раководство, иако беше најавено обраќање на консензуалниот кандидат Стево Пендарвоски и на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во медиа центарот присутни се дел од претставниците на коалиционите партнери како што се Горан Мисовски НСДП, Самка Ибраимовски, Павле Трајанов од ДС, Владо Бучковски, Имер Алиу од ДПА. За сега никој не кажува информации за резултатите од изборниот процес, а најавената прес-конференција е пролонгирана без објаснување и без најава за нов термин.

Во салата е полупразно и меѓу новинарските екипи се забележуваат партиски членови кои следат резултати на мобилните телефони.

Најнова информација е дека во 21 и 15 часот прес-конференција ќе одржи генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?