Одложена комисиската расправа за законот за бранителите

Од:

Во Собранието на Република Македонија денеска беше одложено 22. продолжение на Комисијата за труд и социјална политика на која требаше да се дискутира за Предлог-законот за бранителите поради немање кворум за гласање.

Сузана Анова, која претседава со Комисијата, нагласи дека отсуството на сите останати пратеници во работата на Комисијата само ја потврдува искреноста и доследноста на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во работата на оваа Комисија, а се со цел да се донесе овој закон за посебните права на бранителите.

Според неа, и во изминатите месеци се покажало дека најавената поддршка за законот од страна на пратениците на СДСМ и коалицијата е само лажна и декларативна.

– Се надевам дека пратениците од Социјалдемократскиот сојуз конечно сфатија дека со начинот на работење во изминатиот период, со нивните обиди за наметнување на црни сценарија во Република Македонија и дестабилизација на државата, со обиди за насилно рушење на власта која што пред година и половина на најлегитимните избори досега организирани во Република Македонија дојде на власт не се штитат правата на граѓаните во Република Македонија и на тој начин не се грижиме за државата, рече Анова, додавајќи дека тие со своето однесување и нанесуваат огромна штета на државата.

Таа упати апел да се вратат на своите работни места во Собранието за да може овој закон побрзо да се донесе без оглед на спротивставените ставови од пратениците на ДПА и ДУИ.

– Приоритет на пратениците од СДСМ во овој момент треба да биде законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, за луѓето коишто го жртвувале својот живот и се уште го ризикуваат својот живот за доброто на граѓаните на РМ, а не борбата за зачувување и продолжување на политичката кариера на еден транзициски политичар како што е Бранко Црвенковски, изјави Анова.

Талат Џафери од ДУИ уште еднаш повтори дека е за донесување закон кој ќе ги опфати сите лица од 2001 година, а ДУИ е против донесувањето на ваков закон и ќе ја искористи секоја можност за негово недонесување.

Инаку, Комисијата од вкупно поднесени над 15.000 амандмани има разгледано и треба да гласа по 41. амандман. Во Комисијата за труд и социјална политика која брои 13 члена, шест се од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, четири од СДСМ и коалицијата, двајца пратеници се од ДУИ и еден од ДПА.

Би можело да ве интересира

На 28 мај закажана конститутивната седница на Собранието

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје