Одложена изградбата на на мини хидроцентрала на Блатешница

Од:

Протестот на жителите од село Блатец Виничко против изградбата на мала хидроцентрала на река Блатешница вроди со плод. Постигнат е договор со инвеститорот градбата да се одложи, а локалниот пат кон планинатата Плачковица кој два дена беше блокиран да се оспособи за сообраќај за товарните возила на Шумското стопанство од Виница што ја експлоатира шумската маса од овој дел на планината.

Жителите на Блатец два дена протестираа против одлуката да се гради мини хидроцентрала на река Блатешница, која е со проектирана моќност од 606 киловати, при што нема да се гради брана или зафат, туку турбината ќе се спроведува со цевковод во должина од три километри.

На одлуката на компанијата „Енерџи Лукс“ од Штип која ја доби концесијата уште во 2012 година за градба на мини хидроцентрала, остро се спротивставија членовите на Советот на Месната заедница и самите жители кои со механизација и транспаренти го попречија отпочнувањето на работите на хидроцентралата.

– Според наши сознанија оваа хидроцентрала ќе го зафаќа поголемиот дел од водата со што ќе се направи еколошка катастрофа во овој дел од реката,како и создавање на сериозни проблеми во користењето на водоводот со кој селото се снабдува со вода за пиење,бидејки зафатот се наоѓа во средината на цевководот, истакнува Благој Анакиев од Месната заедница на Блатец.

Од Месната заедница на Блатец се категорични дека нема да дозволат да се гради ниту хидроцентрала, ниту каков било објект што ќе ја наруши природната средина на селото кое е лоцирано во подножјето на планината Плачковица

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени