Одебележан Денот на македонските пожарникари – 20 мај

Од:

Ние пожарникарите со максимална одговорност и ангажираност ги реализиравме поставените задачи во текот на минатата година, покажувајќи ја на дело посветеноста во оваа хумана професија, секогаш со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните, нагласи Благоја Менковски, командант на Скопската противпожарна бригада денеска на одбележувањето на 20 мај – Денот на македонските пожарникари.

Почетоците на противпожарната професија на македонско тло, потсети министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која се обрати на свеченото одбележување, се удрени во далечната 1836 година со формирањето на првата противпожарна единица во Битола.

Според неа, има разни професии, секоја од нив со свои одговорности, предизвици, тежини, но ретко кои од нив, потенцира, ги красат карактеристиките на хуманоста и пожртвуваноста како што тоа е случај со пожарникарството.

– Вашиот главен противник е огнот, огнената стихија чија застрашувачка природна сила која мора да се скроти. А за таков противник да се совлада треба не само знаење, умешност, опрема, туку и храброст, одлика својствена на пожарникарите. Наспроти огнот стои вашиот ангажман, подготвеност и стручност, пожртвуваност во заштитата не само на материјалните добра, туку и на човечките животи, рече Јанкулоска.

Денот на пожарникарите им го честита и градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, кој истакна дека Противпожарната единица на Град Скопје, минатата година е модернизирана, но и кадровски зајакната со нови вработувања. Во изминатите четири години, информира Трајановски, набавени се два моторни чамци, две теренски возила, заштитни противпожарни капи и ракавици, согласно европските стандарди и летни униформи, за што се инвестирани околу 20 милиони денари. Меѓу другото, за ПП бригада на Градот Скопје во текот на 2011 година набавени се три нови противпожарни возила за гаснење пожари во урбана средина.

– Со инвестиција од милион и двеста илјади денари набавен е и заменет стариот репетитор за нормално функционирање на радио врските кои се неопходни во секојдневното работење на единицата, а направено е и сервисирање на хидрауличната платформа, со што се остварени предуслови за успешно интервенирање на ПП бригада на Градот Скопје, изјави градоначалникот Трајановски.

Тој денеска свечено му ги предаде клучевите на Менковски од теренското возило „дачиа“ за чија набавка лани се издвоени еден милион денари. За пожарникарите се набавени и професионални заштитни чевли за што се издвоени околу 700 илјади денари, а завршена е и дополнителна јавна набавка за заштитни шлемови со лед светилки за чија набавка ќе бидат потрошени 4,5 милиони денари и две пумпи за вода со капацитет за испумпување вода од 1.500 литри за една минута, за што се издвоени 1,3 милиони денари.

– Вака опремена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје лани има интервенирано во 1.360 случаи, од кои 730 на отворен простор, 116 за опожарени возила, 130 технички интервенции, како и 384 на опожарнеи објекти, рече Трајановски, најавувајќи оти ќе бидат набавени и многу други опрема во насока на поефикасно делување на Бригадата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: „Дивиот“ забавен парк кај „Борис Трајковски“ ќе биде отстранет

МВР: Амбер Алерт Европа стартува со кампања низ цела Европа со совети како да се постапи во случај на исчезнато дете

Уапсен кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот Јанчев

Кумановец загина во тешка сообраќајна несреќа кај Агино село

Пожарникари извлекоа паднат човек во реката Драгор

Орце Костов

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово