Одделението за интензивна нега во Општата болница во Охрид резервирано за прием на евентуални потешки случаи заболени од коронавирусот

Од:

Одделот за интензивна нега во рамки на ЈЗУ „Општа болница„ во Охрид при евентуална потреба ќе биде установата каде ќе се згрижуваат пациенти со потешка клиничка слика заболени од коронавирусот и за оние пациенти што имаат потреба од интензивно лекување, соопшти денеска Константин Георгиески.

Одлуката била донесена на координативениот состанок одржан со претставници на сите здравствени установи од подрачјето на Општина Охрид, а во согласност со Оперативниот план, изготвен според протоколите на Министерството за здравство и препораките на Светската здравствена организација за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус.

Георгиески уште појаснува дека целокупната медицинска опрема, ресурси и капацитети за интензивна нега кои што ги поседуваат сите здравствените установи ќе биде на располагање при лекувањето на потенцијалните пациенти во Одделот за интензивна нега во Општата болница.

– Формирани се тимови од доктори и медицински персонал кои имаат големо искуство во интензивната нега и истите ќе бидат ангажирани за интензивен болнички третман во изолација. За таа намена обезбедена е соодветна заштитна опрема. Утврдена е и логистика за координирање помеѓу сите надлежни институции, со цел да бидат ставени на располагање сите ресурси и заеднички да се придонесе за посоодветно надминување на оваа состојба, вели Георгиески.

Локалната власт и здравствените работници упатуваат апел до сите граѓани на Општина Охрид на одговорно однесување, да покажат највисоко ниво на јавна свест, да ги почитуваат сите препораки за заштита од корона-вирусот Ковид 19 и покрај поволните временски услови да останат во своите домови и на тој начин да помогнат и да придонесат за зачувување на своето здравје, здравјето на најблиските и целокупното јавно здравје.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство во Охрид досега е регистриран само еден случај инфицирано лице со корона-вирус. Генерално охриѓани ги почитуват препораките и не излегуваат надвор од своите домови без поголема потреба, но одреден број граѓани не му одолеаа на убавото време и независно апелите и препораките излегуваат на прошетки на Кејот и долж крајбрежјето.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски