Одделението на Пазарниот инспекторат во Куманово ќе биде затворено, еден инспектор е позитивен на Ковид-19

Од:

Одделението на Државниот пазарен инспекторат од Куманово ќе биде затворено, бидејќи еден од инспекторите е позитивен на Ковид -19, соопшти денеска директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

– Денес веќе во Куманово ќе мораме да го затвориме целокупното одделение бидејќи еден од инспекторите се покажал позитивен на Ковид- 19. Сè што беше од наша страна правиме за да ги заштитиме инспекторите, но и оние кои правилно ги почитуваат мерките, уредбите и протоколите од Владата бидејќи тоа е во интерес на сите, рече Пауновски.

Апелираше до сите граѓани, особено до водачите на политичките партии и верските заедници, да бидат одговорни.

– Мораме неселективно да постапуваме за да бидеме успешни. Потребна ни е помош од сите граѓани и од правните субјекти за на крај да излеземе како победници и да не бидеме единствени во регионот каде секојдневно има зголемување на случаи позитивни на Ковид-19, рече Пауновски.

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски