Одбраната тврди дека Александар Тошта не го повлекол Села кон толпата, туку го бранел

Од:

Одбраната на обвинетите смета дека судот погрешно ја протолкувал прикажаната видео снимка во судницата од нападот на Зијадин Села во собраниската прес- сала. Според адвокатот Бојан Ваневски, обвинетиот Александар Јаневски – Тошта не го извлекува Села од кај останатите пратеници, туку друго непознато лице го прави тоа повлекувајќи го Села за левото рамо, а Јаневски го спречува да го стори тоа.

„Во момент на извлекувањето, судот не може да констстира дека Јаневски го повлекол Села. Јаневски е истуркан на страна од толпата, а неколку секунди подоцна може да се види и дека заедно со обвинетиот Сенков ја растураат толпата која го нападна Села“, рече Ваневски.

На денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села беше емитувана нова снимка од нападот во прес-центарот во Собранието на која се гледа како обвинетиот Александар Јаневски – Тошта прашува некој од толпата граѓани „кој, кој” по што заедно со обвинетиот Никола Војминовски го извлекуваат Села од аголот каде што се пратениците. Притоа се слушаат извици кои се однесуваат на лидерот на Алијансата за Албанците: „Копиле, дај го ваму”.

Обидот за убиство на Зијадин Села се случи на 27 април минатата година при упадот во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

АА: Гаши да го укине заклучокот по интерпелацијата за Даути

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

Села: Европската Унија за Македонија е единствено решение

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари