Одбраната на Камчев бара меѓународен мониторинг: Испрати писмо до Советот на Европа

Од:

Одбраната на бизнисменот Јордан Камчев испрати отворено писмо до 47-те министри за надворешни работи на Совет на Европа. Адвокатот Тони Менкикоски вели дека писмото е испратено поради тоа што Македонија е под мониторинг на Комитетот на Министри при Советот на Европа во делот кој се однесува на примената на мерката притвор и треба да постапува согласно со Акцискиот план. Одбраната на Камчев бара и меѓународен мониторинг за случајот.

„Круцијалниот доказ со кој Судот располага и врз основ на кој Јордан Камчев е противзаконски лишен од слобода и му е повторно продолжена мерката притвор е целосно незаконит доказ, односно, не смее да биде доказ во кривична постапка. Дополнително и покрај сите инсистирања од страна на одбраната Судот одбива тој доказ да го обелодени, достави и презентира на одбраната.Имено, Информација (заведена под СД бр. 02-545/1 од 14 ти Март 2021 година) на АНБ врз која се заснова решението на Судот за лишување од слобода, не само што не е доставена до одбраната и Судот одбива да го стори тоа, Информацијата на АНБ е спротивна на член членот 43 од Законот за Агенцијата за национална безбедност и согласно на овој член, не може да се употреби како доказ во кривична постапка, но може да се користи за иницирање и насочување на кривична постапка, вели Менконоски.

Додава дека е недозволиво вршење на јавни напади и притисоци врз одбраната на Јордан Камчев, преку соопштенија и изјави што претставува директно мешање и дискредитација како на целокупниот предмет, така и директно на Камчев и на неговата одбрана.

„Поради молкот на македонските институции во овој случај, до кои повторно апелираме да започнат да постапуваат согласно својот професионален интегритет, одбраната наЈордан Камчев бара меѓународен мониторинг на случајот односно, овој случај да биде дел од процесот на мониторинг на Комитетот на министри на Советот на Европа.

Меѓународен мониторинг се бара и поради директно кршење на Уставно загарантираните права и гаранции на Јордан Камчев на „слобода и безбедност”, „правото на ефикасна и делотворна одбрана ” и на неговото право на „правично судење пред непристрасен трибунал”, како и дека бил субјект на нечовечко и понижувачко дејствување од страна на институциите на Македонскиот систем кои му ја имаат ограничено неговата слобода, вели адвокатот.

Би можело да ве интересира

Почина Гоце Камчев, основач и претседател на „КАМ маркет“

Горан Наумовски

Камчев е на слобода, двете години затвор намалени за четири месеци со спојување на казните

Кристијан Ландов

„Жената лута“ рече Камчев за Катица Јанева која го праша: Точно ли е дека „Стопанска банка Битола“ е пералница на пари?

Кристијан Ландов

Боки 13 го испрашуваше Камчев, бизнисменот тврди дека не разговарал со Заев за „Империја“ туку за рекет од „1ТВ“

Кристијан Ландов

Камчев со имот на една фирма во четири градови, гарантира дека нема да бега

Кристијан Ландов

Камчев излезе од затворот во Шутка, за Божиќ ќе биде дома откако Нова година ја помина во „Систина“

Кристијан Ландов