Одбиените во „Македонски шуми“ ќе добијат известувања за еден месец

Од:

За еден месец „Македонски шуми“ ќе ги испорачаат писмата на 20.000 апликанти кои добија негативен одговор за вработување во претпријатието. Веднаш по добивањето на писмата, апликантите кои не беа извлечени на лото – вработувањето, ќе можат да поднесат жалба во рок од 8 дена, а потоа жалбите ќе бидат разгледувани. Оние, пак, на кои им се насмевна среќата, ќе бидат известени во рок од една недела, за тоа кога и на кое место ќе започнат со работа.

Од Јавното претпријатие потврдуваат дека по извлекувањето на среќните добитници, телефонот не престанува да ѕвони од луѓето кои се одбиени и ги интересира кога можат да поднесат жалба.

– Во фаза сме на подготовка на писмата и ќе бидат известени и нововработените и одбиените. Жалбата се поднесува врз основа на тоа што им го пишува во документот. Се додека не стигне известување дома, не можат да поднесат жалба – изјави Марјан Цецевски од „Македонски шуми“.

На прашањето дали по разгледувањето на жалбите, постои можност некоја да биде усвоена и да се прошири списокот на вработување, од таму ни рекоа дека се уште е рано да се давааат такви информации.

Воедно, од „Македонски шуми“ негираат објавувањата на дел од порталите нво кои се тврди дека добиле вработувања, иако не ги исполнуваат условите.

– Лицата ги бираше Комисија и начинот на кој се избрани нововработените е компјутерски и транспарентен – изјави Цецевски.

Сепак, ова извлекување прерасна во скандал откако во јавноста се појавија податоци за нововработените, кои случајно или не се поврзани со ВМРО – ДПМНЕ. Во „Македонски шуми“ доби вработување жена од Виница, која заедно со нејзиниот сопруг поседуваат пицерија и автосервис. Од Македонски Брод доби работа самохран родител, иако е среќно оженет. Невработено лице од Миравци, кое веќе 22 години е заведено во Агенцијата за вработување, изјави дека добил ветување од претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Гевгелија дека ќе биде вработен, а на крајот бил одбиен.

Нововработените прво ќе работат во „Македонски шуми“, а подоцна ќе бидат распределени по останати државни институции, онаму каде што има потреба. Оние кои се со основно образование ќе земаат плата од 14.000 денари, со средно образование – 18.000 денари, и со високо образование 22.000 денари.

Имињата на оние кои им се насмевна среќата да бидат вработени, се читаа во рамки на отворената програма на МТВ, а истите можат да се пронајдат и на веб страницата на „Македонски шуми“.

Изборот на 1.600 вработени опфаќа четири групи лица и тоа долгорочно невработени со повеќе од 10 години без работа, лица од многудетни семејства, самохрани родители и еднородителски семејства и невработени лица од семејства каде нема ниту еден вработен. За секоја од овие категории се предвидени по 400 вработувања при што во рамките на секоја група има вработувања за лица со ниски квалификации, со средна стручна подготовка и за лица со високо образование.

Според „Транспарентност Македонија“, новите вработувања претставуваат класична злоупотреба на институциите, искривување на процедурите и ненаменско трошење на државниот буџет, како замена за недостатокот од поефикасна социјална и развојна економска политика на Владата. Како што пишува ТМ во септемврсикиот извештај за состојбата во борбата против криминалот и корупцијата, се укажува дека сето тоа ќе финишира со донесувањето на Законот за претворање на побарувањата на РМ по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок од доход, придонеси на вработените, камати и споредни даночни давачки и обврски од кредити, во траен влог на РМ во ова јавно претпријатие. Ова бездруго наликува на озаконување на злоупотребата на јавни средства.

– Дополнително, заборавена е иницијативата на ДКСК за кривичен прогон на директорот на ова претпријатие, Жарко Караџоски, поднесена пред речиси 2 години, во врска со можна злоупотреба на средствата на претпријатието. Дури и неговиот син сега е вработен како инспектор кој треба да придонесе кон почитувањето на финансиската дисциплина во претпријатието – се вели во соопштението.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

7 НЕБО – нов награден квиз на „Државна лотарија“

Во американската игра на среќа беше извлечена награда од 1,13 милијарди долари

На лотарија освои 842 милиони долари

Инстант лозот„УРБАН СТИЛ “ на Државна лотарија израдува тројца нови добитници од Штип, Битола и Скопје

Предраг Петровиќ

Државна лотарија отвори своја нова веб-страница за игра – megawin.mk и отпочна со мега наградна игра и подароци за секого

Горан Наумовски

Првиот автомобил од инстант лозот 7 Х 7 го доделивме во Прилеп

Предраг Петровиќ