Одбежани 13 години од погибијата на полицајците Александар Николиќ и Даиљ Јанковски

Од:

Претставници од Полициската станица Гостивар и Македонскиот полициски синдикат го посетија спомен-обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на двајцата трагично загинати полициски резервисти Александар Николиќ и Даиљ Јанковски и положија букети цвеќе.

На пригодниот комеморативен собир, со минута молчење тие им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 13 години.

Букети цвеќе за Александар и Даиљ беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта. Погибијата на двајцата резервисти, се уште до крај не е расветелна и не е познато, кој и зошто пукаше во нив додека беа на полициски пункт во населбата Циглана со што беа прерано ги прекинати животите на двајцата, а еден резервист во таа ноќ беше ранет.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски