Одбележување на Светскиот ден на бегалците

Од:

 Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) по повод Светскиот ден на бегалците – 20 Јуни денеска ќе организира меѓународен семинар „Соработка и добро раководење на бегалската криза во Западен Балкан и централноевропските земји“.
Семинарот ќе има над 70 учесници од 11 земји – претставници на општини, граѓански здруженија и институции задолжени за прием и регистрација на мигранти од Западен Балкан и Централна Европа.
– Дводневниот меѓународен семинар ќе биде посветен на раководење со бегалската криза, соработка на локално, национално и регионано ниво, како и размена на добри практики и поттикнување на меѓукултурната толеранција, соопшти АЛДА – европска мрежа која има 180 членови (локални власти и граѓански организации) од 30 земји од ЕУ, Кавказ, Балкан и Медитеранот. 
Светскиот ден на бегалците денеска попладне во Монтажната галерија ЦАЦ во Паркот на Франкофонијата ќе го одбележат и ФИООМ, Легис, Хелсиншки комитет за човекови права на РМ и Младински образовен форум. 
Настанот ќе опфати повеќе активности меѓу кои и дискусија на тема „Право на азил во РМ: Дали пристапот до право на азил се претвори во нелегална рзмена и депортација помеѓу државите на балканската рута?“
– Овој ден е значаен за сите луѓе во светот кои се сметаат за бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица. Имајќи предвид дека во 2015 и 2016 година светот се соочи со една од најголемите бегалски и хуманитарни кризи, овој ден е особено значаен за луѓето чии животи се загрозени, престојуваат и/или пристигнуваат во Република Македонија. Пристапот до правото на азил и хуманитарна помош во Република Македоија треба да бидат целосно овозможени, соопштија организаторите. 
Меѓународниот ден на бегалците денска ќе го одбележи и Здружението НУН Култура кое организира „Караван по рутата на бегалците со велосипеди“. Поаѓањето на велосипедскиот караван е напладне од Транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија.
Целта на организаторот е да се солидаризира со бегалците и симболично да потсети на нивното движење со велосипеди по автопатот од јужната граница до Табановце на почетокот на бегалската криза.

Би можело да ве интересира

САД: Украински бегалци по грешка известени дека мора веднаш да ја напуштат земјата

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска

Влада: Преземени првите мерки за прифаќање на украинските државјани

А1он

Заврши престојот во Македонија за уште 43 граѓани на Авганистан

А1он

Македонија со спасувачка мисија за уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

А1он

На Скопскиот аеродром пристигнаа 44 авганистански активисти со своите семејства

А1он