По повод празникот Св. Климент Охридски – 8 Декември денеска делегации на Собранието, Владата и на повеќе други институции и организации ќе положат цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.
Во состав на владината делегација ќе бидат министрите за образование и наука, Арбер Адеми, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.
Собраниската делегација ја сочинуваат потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски и пратеничките Ирена Стефоска, Весна Дамчевска-Илиевска и Владанка Авировиќ.
Во Собранието традиционално ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски, како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.