Одбележување на патрониот ден на УКИМ и 1.150 годишнината од Моравската мисија

Од:

Со повеќе активности ќе се одбележи патрониот ден на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и 1.150-годишнината од Моравската мисија.

Во Ректоратот денеска ќе бидат доделени награди на дипломираните студенти со најдобри резултати во учебната 2011/2012 на овој Универзитет. На пензионираните наставно-научни работници ќе им бидат врачени повелби.

Со уметничка програма ќе настапат студенти од Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Во универзитетскиот кампус утре ќе има молебен посветен на светите браќа Кирил и Методиј. Со молебенот ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Потоа ќе се положи цвеќе на споменикот на Кирил и Методиј.

Ќе биде доделена и почесната титула doctor honoris causa на проф. д-р Виктор Антонович Садовничиј, ректор на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Руска Федерација. Плакета на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе добие проф. д-р Перо Лучин, ректор на Универзитетот во Риека, Хрватска.

Во Домот на АРМ ќе се одржи свечена академија под покровителство на претседателот Ѓорге Иванов.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска