Одбележување на Денот на Здружената оперативна команда

Од:

Во касарната „Боро Менков“  во Куманово денеска ќе биде одражана свеченост по повод денот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК).

Како што е најавено, на свеченоста ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, директорот на ГШ на АРМ генерал мајор Димче Петровски, командантите на командите и единиците на АРМ, претставници од ГШ на АРМ, поранешните команданти на ЗОК и останати гости.

Со одлука на претседателот на Република Македонија 17.октомври  е определен за ден на  Здружената Оперативна Команда како спомен на одбележување на значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата на Република Македонија.

Здружената оперативна команда како Команда од оперативно рамниште егзистира од почетокот на формирањето на АРМ како Армиски Корпус. Во 2000 година се трансформира во 1.Армиски Корпус ,во 2002 година се преименува во команда на копнена војска, а од 2005 година се преструктуира во сегашниот назив според стандардите на НАТО.

На 17 октомври 1887 година  во селото Кресна е формиран штабот на македонското-кресненско востание кој е воедно и ден кога е кренато востанието.

Инаку, по завршување на официјалниот дел од свеченоста присутните ќе имаат можност да го погледаат историското катче во просториите на ЗОК  каде се наоѓаат печатот на штабот на кресненското востание и неколку артефакти од тој период на македонската историја.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори