Одбележување на денот на полицијата

Од:

Во Центарот за обука на кадри во Идризово денеска со низа пригодни манифестации ќе се одбележи „7-ми Мај“, денот на македонската полицијана. Пред присутните гости и претставници на медиумите свое обраќање ќе има министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во рамки на денот на полицијата ќе биде положено цвеќе пред споменикот на паднатите припадници на МВР, како и низа други манифестации: крводарителни акции, посета на Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“, домот за донечиња и мали деца во Битола.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата

Одбележување на Денот на полицијата

Од:

Со повеќе активности денеска во Македонија ќе биде одбележан 7 Мај – Денот на полицијата и безбедноста и Денот на баталјонот на воената полиција.

На свеченоста што ќе се одржи во МВР, делегација предводена од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на полицијата. Таму ќе биде построен почесниот вод на македонската полиција.

Делегација од Централните полициски служби, Секторот за гранични работи, Секторот за полиција и гранични работи, како и претставници на Македонскиот полициски синдикат ќе положат цвеќе и на споменикот пред зградата на Граничната полиција во МВР. Делегација од МВР, како и претставници на семејствата на загинатите бранители од МВР ќе положат цвеќе пред споменикот на паднатите бранители во паркот Жена-борец.

Во рамки на одбележувањето на 7 Мај, делегации на МВР традиционално ќе ги посетат Домот за деца без родителска грижа „11 Октомври“ во Скопје и Домот за доенчиња и мали деца во Битола и ќе им донираат подароци. Во касарната „Ѓорче Петров“ во Скопје во 11 часот ќе биде организирана хуманитарна акција на доброволно дарување на крв од страна на припадници на македонската полиција.

На свеченоста што ќе се одржи во скопската касарна „Илинден“ ќе присуствуваат началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, Командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Методија Величковски и други гости од МО и ГШ на АРМ.

Баталјонот на воената полиција е формиран со Указ на претседателот на Република Македонија на 15 април 1992 година и поголемиот период функционираше како самостојна единица на ГШ на АРМ. Денес баталјонот се наоѓа во формацискиот состав на Здружената оперативна команда (ЗОК), со целосно трансформирана структура и висок степен на компатибилност со вакви единици во армиите на земјите членки на НАТО, заради што за припадниците на баталјонот важат посебни критериуми за селекција.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Со лажни мејлови од познати компании извлекуваат лични податоци, предупредување од МВР

Кривична пријава против поранешен началник и помошник директор во МВР

А1он

МВР: Кривична за 38-годишен скопјанец кој со нож си ја уби невенчаната сопруга

Горан Наумовски

Кривични пријави против екс вработени во МВР за злоупотреба на службена положба и овластување

А1он

Возел со 2,28 промили алкохол во крвта, бегал од полицијата