Одбележување на Денот на македонската полиција

Од:

Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи централната свеченост во рамки на одбележувањето на 7-ми Мај – Денот на македонската полиција.

Како што е најавено, на свеченоста ќе говорат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Горанче Савовски и командантот на Единицата за специјални задачи „Тигри“ Славчо Петрушевски, која воедно одбележува 35 години јубилеј од нејзиното формирање.

Покрај централната свеченост во Министерството за внатрешни работи пред споменикот на загинатите припадници на МВР, цвеќе ќе положат министерот Спасовски со претставници на МВР и семејствата на загинатите припадници на МВР, а потоа цвеќе ќе биде положено и пред споменикот на граничната полиција.

Делегација на МВР ќе положи цвеќе и на споменикот во Базата „Брест“ посветен на загинатите припадници од хелихоптерската несреќа. Предвидена е и посета на споменикот на загинатите бранители во паркот „Жена борец“.

Претставници на МВР традиционално ќе ги посетат децата без родители од Домот за згрижување на деца и младинци „11 Октомври“, Домот за доенчиња и мали деца во Битола и Дневниот Центар за деца со посебни потреби во Тетово, при што на децата ќе им бидат дадени пригодни подароци.

Би можело да ве интересира

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР

Кривична пријава за градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари

Катерина Ѓуровски

МВР: Уапсени се две лица, одземено е товарно возило, запленета е стоката

МВР: На социјалните мрежи се појавија лажни објави за телефони, апелираме да не кликнувате на такви објави

За 48 часа МВР „подели“ 1.293 казни на возачи и пешаци