Одбележување на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија

Од:

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска ќе се обратат на централната свеченост по повод одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата на Република Македонија, што ќе се одржи на платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ.

Како што соопшти кабинетот на Претседателот, по повод Денот на Армијата на Република Македонија, претседателот Иванов ќе ги одликува со Орден за воени заслуги Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при Армијата на Република Македонија.

– Орденот за воени заслуги на двата баталјона на Армијата на Република Македонија им се доделува за исклучителен придонес и поддршка во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурност на македонските граѓани, особено во справувањето со бегалската криза како глобален безбедносен предизвик, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он